БАРДИ: ПАНДЕВ Е НАЈДОБРИОТ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
Објавено на: 21.06.2021
Енис Барди издржа и коронавирус во текот на подготовките, дојде и ги одигра сите натпревари и признава дека е многу исцрпен. Но, и многу емотивен поради повлекувањето на Гранде Пандев за кој вели дека е најдобриот во историјата на Македонија.

„И емотивно и физички сме максимално исцрпени, но ова е историја, ќе го паметиме цел живот. Ова е искуство што треба да не води и да пробаме да дојдеме повторно на Европско првенство. Имавме многу емоции, знаеме што значи Горан Пандев, тој многу ќе ни недостига, тој е најголемиот играч во историјата на македонскиот фудбал. Ние треба да продолжиме по неговите стапки. Бевме на Европско првенство со селекцијата У21, бевме и со сениорскиот тим и сега оваа Македонија треба да го смени менатлитетот и да верува дека може повторно“, изјави Барди.