Фудбал

ПРИЈАТЕЛОТ НА РОНАЛДО ОТКРИВА: „ОВА ШТО МУ ГО НАПРАВИЈА Е КЛАСИЧНО ПРЕДАВСТВО“

Еду Агире, близок пријател на Роналдо, тврди дека португалската ѕвезда решила да го напушти кампот по несогласување со селекторот.

Според неговите информации, проблемот започнал откако Роналдо околу 30 минути се загревал, но на крајот не добил шанса да влезе во игра. По натпреварот, Жезус наводно разговарал со него во четири очи и му се извинил за одлуката.

Агире тврди дека селекторот ветил и дека јавно ќе ја признае грешката на прес-конференцијата. Сепак, тоа не се случило.

Според Агире, Роналдо сметал дека Жезус пред медиумите изнел поинаква верзија на настаните и се обидел да покаже дека тој ја контролира ситуацијата. Особено му пречело, наводно, тоа што селекторот сакал да создаде впечаток дека Роналдо е „само уште еден играч“ во репрезентацијата.

„Кристијано се чувствува изневерено“, тврди Агире.

Според неговата верзија, проблемот не била само одлуката Роналдо да не влезе во игра, туку разликата меѓу она што му било кажано приватно и она што потоа било кажано јавно.

„Жорге приватно му се извини, вети дека ќе го направи истото и јавно, а потоа го направи спротивното“, изјави Агире.

Тој целата ситуација ја опиша со еден збор – „предавство“.