ОЛМО САКА ЕДЕН ДЕН ПОВТОРНО ДА СЕ ВРАТИ ВО ДИНАМО ЗАГРЕБ
Објавено на: 01.10.2026
Агентот на шпанскиот фудбалер Дани Олмо, Енди Бара, откри дека Олмо би сакал кариерата да ја заврши таму каде што ја почна, во Динамо Загреб. Олмо истотака би сакал во Модрите од Загреб да ја започне и својата тренерска кариера.
„Дани сака да ја заврши кариерата во Динамо и би сакал еден ден да почне да работи како тренер во клубот. Тој е исклучително поврзан со Динамо и Хрватска“, рече Бара.
Олмо во Динамо стигна како 16-годишен, а одигра 124 меча за првиот тим.