Фудбал

МОЖНО ЛИ Е ДА СЕ СПОРЕДУВААТ САЛАХ И РОНАЛДО???

Мохамед Салах од Ливерпул ја доби втората Football Writers’ Association Footballer of the Year награда во кариерата, која секоја година ја доделуваат околу 400 новинари базирани во Англија кои го следат англискиот фудбал.

Египетскиот интернационалец, сезонава има 22 гола и 13 асистенции, што е повеќе од кој било друг играч во Премиерлигата. Сезонава, Португалецот постигна 17 гола со 3 асистенции, второпласиран е Сон (29) со 17/6.

Кристијано Роналдо има две вакви награди, Мохамед Салах има две, рекордер е Тиери Анри со три. Другите сите имаат по една. Салах има 29 години и се наоѓа во зенитот на кариерата. Роналдо има 37 години и е во залезот.

Можно ли е да се споредуваат овие двајца, без разлика како ќе се одвиваат нивните кариери понатаму? Со сета револуција што ја донесе Роналдо во фудбалот, може ли да се споредува со „просечни“ фудбалери?