НАЈЗАБАВНОТО ОЛИМПИСКО СЕЛО Е 16.000 КИЛОМЕТРИ ДАЛЕКУ ОД ПАРИЗ, И Е НА ВОДА (ФОТО)
Објавено на: 29.07.2024
Олимпиското натпреварување во сурфање на бранови доби на популарност поради местоположбата на олимпиското село кое всушност е оддалечено дури 16.000 километри од Париз.
Овој турнир се одржува на Тахити, француска Полинезија, каде брановите се адекватни за сурфање, нешто што не е возможно да се случи на францускиот залив во овој период од годината.
Поради тоа, наместо да се патува околу 22 часа со авион од Париз до островот за натпревари, организацијата искористи еден брод за крстарење и го трансформира во првото олимписко село кое плови на вода.
Повеќе делови од бродот кои се за забава и рекреација кога е во служба за крстарење, се претворени во соби и фитнес центри со цел сурферите да ги имаат сите поволности да се подготвуваат за натпреварите.
На бродот „Арануи 5“ има 100 кабини за спортистите и стручните екипи на олимпијците, а меѓу другото повеќе делови се адаптирани во видео соби каде може да се следат останатите спортови во живо.
