НОВИОТ ТЕНК ВО АМЕРИКАНСКАТА КОШАРКА
Објавено на: 05.12.2021
Кошарката преку Океанот не престанува да не воодушевува и секоја година вади барем по еден нов модел на играч, каков што претходно не сме виделе. Овој наликува на Шекил О’Нил во силата, но воедно и на Хаким Олајџувон во движењата, на Чарлс Баркли во стилот…
„Хибридот“ Кенет Лофтон Јуниор игра за колеџ-екипата Луизијана Тек Булдогс. На мечот против Универзитетот Северна Каролина имаше учинок 39 поени, со 18 скока и со 4 асистенции. Има само 19 години, кошаркарските експерти засега му предвидуваат голема кариера: