Фудбал

НА КОИ МЕЧЕВИ ЧЕЛСИ ПРИМА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ГОЛ?

Екипата на Томас Тухел не знае да прими повеќе од еден гол по натпревар без разлика дали е тоа победа, пораз или нерешен дуел, откако германскиот стратег седна на клупата на лондонските сини, освен во една ситуација.

Челси прима повеќе од еден гол на натпревар само кога во игра не е францускиот интернационалец Нголо Канте, кој царува во средниот ред без ралика кој е на другата страна. Тоа, под водство на Тухел, се случи трипати:

(23.05.2021) Астон Вила – Челси 2:1
(04.08.2021) Челси – Тотенхем 2:2
(04.12.2021) Вест Хем – Челси 3:2

Со екипата на Астон Вила, Нголо Канте имаше повреда на мускул, во лондонското дерби против Тотенхем излезе во 46-та минута по што сините ги примија двата гола и со Вест Хем не играше поради повреда на коленото.