НОВ ТИКЕТ НА КОЛОТО НА ИГОР ТРПЕСКИ
Објавено на: 14.08.2026
Нема што да искоментираме за претходниот тикет на колото, кој не беше добитен поради големиот број на изненадувања за квалификациите во европските натпреварувања. Со враќа на шпанската Ла Лига, Купот на Италија и уште некој пар од другите европски лиги ќе се обидеме да бидеме конечно добитни ова коло. Еве што ќе играме.
Севиља vs Рајо Ваљекано: T1 1+ 2P
Нова сезона – нова надеж за Севиља дека ќе се врати на славните патеки. Бидејќи ги немаме следено многу во овој подготвителен период, ќе пробаме да постигнат барем 1 гол во второ полувреме, а коефициентот за тоа во Златна Копачка е одличен.
Хановер vs Фолфсбург: 1-3 и 1-3
Волфсбург негативно изненади во првото коло, па ќе пробаме повторно, овој пат на голови. Хановер дома нема да се штеди, гостите ќе мора исто така да нападнат, затоа овој дуел е тип 1-3 гола и 1-3 гола во прво и второ полувреме.
Ленс vs ПСЖ: ГГ
Многумина би рекле чиста победа за ПСЖ, но Ленс ќе го игра овој дуел од Суперкупот на Франција пред домашната публика и желбата за трофеј ќе биде огромна. Затоа, наместо чиста двојка, „посигурна“ варијанта ми е некако ГГ.

Брага vs Жил Висенте: 1
Брага одигра 2:2 во првиот дуел, што докажа дека головите се тука. Жил Висенте славеше, но веруваме дека овој дуел ќе биде друга приказна и домашните ќе ја забележат првата победа сезонава во португалската лига. Коефициентот е супер, па зошто да не.
Торино vs Карарезе: 1-1
Домаќините ја започнуваат сезоната една недела пред стартот на Серија А со дуел во Купот на Италија. Апсолутен фаворит се, но коефициентот за да го зголемиме ќе пробаме со 1-1.