НОЛЕ НЕ СЕ ДАВА, ЌЕ ИГРА НА ВИМБЛДОН
Објавено на: 27.06.2024
За некои големо изненадување, за некои преголем ризик во пресрет на Олимписките игри, но Новак Ѓоковиќ одлучи дека нема предавање и ќе настапи на Вимблдон кој започнува од понеделник на програмата.
Оваа потврда дојде преку официјалните профили на Вимблдон на социјалните мрежи, кои го најавија Јаник Синер како прв носител и Новак Ѓоковиќ како втор, во пресрет на ждребот.
Претходно, изненадувачки беше фактот што Србинот допатува во Лондон иако сите најавуваа дека тој ќе го прескокне неофицијалното светско првенство во тенис, штедејќи се за земјената подлога на Олимписките игри во Париз. Но тој не само што допатува, туку и тренираше на трева, а во меѓувреме беше и да ги бодри српските фудбалери во Минхен.
Што мислиш, има ли шанси да ја освои титулата и да стане единствен со 8 титули од тревата во Англија?