ЕВРО 24

ГРУЗИСКИ МИЛИЈАРДЕР ГИ НАГРАДИ ФУДБАЛЕРИТЕ СО МИЛИОНИ

Лудилото во Грузија по успехот на нивната фудбалска репрезентација не престанува, а пред нив е најголемиот предизвик во нивните кариери, осминафиналниот дуел со Шпанија!

Тие завршија како трети во групата, но во ранкингот на третите репрезентации во групата, се најдоа во најдобрите четири и си закажаа место меѓу најдобрите 16 репрезентации на стариот континент.

На еуфоријата во земјата и нема крај, па така милијардерот Бизина Иванишвили, кој беше и премиер на Грузија, им подели на фудбалерите и целиот репрезентативен тим 10 милиони евра, како награда за успехот до сега. Но тоа не е се, бидејќи тој вети дека ќе им исплати уште толку доколку ја поминат Шпанија во 1/8 финалето, репрезентација која се уште нема примен гол и има 3 од 3 победи.

Чисто информативно, неговото богатство се проценува на над 6 милијарди долари.