Соопштенија

ЈОВИЦА ОД СКОПЈЕ СИ ЛАПНА ЕЛ. ТРОТИНЕТ И СПОДЕЛИ МАЛА ТАЈНА КАКО ГО ОСВОИ

По Владо од Гостивар кој беше освојувач на првиот електричен тротинет од првата фаза, од вкупно четири, денес „редот“ му дојде на Јовица од Скопје да си го подигне својот подарок кој го освои како првопласиран во втората фаза.

Со Јовица пиевме едно кафе во неговата „матична“ обложувалница во скопската населба Радишани, каде што ги уплатил сите 12 тикети кои му влегоа во комбинација. Го потпрашавме како се подготвил за четирите дена од втората фаза, кои му го донесоа овој подарок, а неговите одговори беа следни.

Честитки Јовица, со здравје да си го возиш и нека не биде последен подарок кој ќе го добиеш од Златна Копачка.

Ха ха, се надевам дека не. Ви благодарам, навистина супер акција ви е ова, бидејќи кратко трае и многу малку тикети се во игра, односно не станува збор за долги натпревари во кои во игра ти влегуваат многу тикети.

Дали си наш редовен играч и ако да, колку време кружиш добитни ливчиња?

Многу долго, секако за забава, инаку сигурно повеќе од 12 години сум ваш редовен играч.

Кога и како се вклучи во нашата акција во која даваме електричен тротинет на секои четири дена?

Видов на Фејсбук, се вклучив во првата етапа, но немав добра стратегија.

Ќе споделиш ли мали детали со останатите играчи како стигна до првото место?

Секој ден уплаќав по 3 тикети на ден и секој тикет имаше по 50 пара. Не ми беше целта да бидам добитен, мислам, ако бев добитен ќе беше одлично, но битно ми беше на секој тикет да имам по 30-40 погодени парови. Така од 3 тикети правев околу 100 поени на ден што беше добитен рецепт на крајот.

И за крај, што ќе ги советуваш другите играчи, како до останатите два тротинети?

Да играат 3 тикети на ден со 50 пара и да бидат упорни, бидејќи упорните добиваат.