Фудбал

НИШТО ОД ГОЛЕМИОТ ТРАНСФЕР: СЕНЗАЦИЈАТА ОД ЕП ОСТАНУВА ВО БИЛБАО

Нико Вилијамс сепак ќе ја мине новата сезона во редовите на својот матичен клуб Атлетик Билбао, потврди неговиот агент.

Ниту Барселона, а ниту ПСЖ ќе ги добие услугите на еден од најдобрите шпански фудбалери од Европското првенство, барем не оваа сезона. Според повеќе шпански медиуми, Вилијамс решил да го испочитува договорот со баскискиот клуб, кој го обнови во декември минатата година.

Нико е меѓу најплатените играчи на Билбао, па затоа парите не му се приоритет по најавите дека може да се пресели во еден од двата споменати гиганти. И покрај желбата да го облече дресот на Барселона, Вилијамс нема да ја менува средината пред стартот на сезоната 2024/25, што значи дека опцијата да се пресели на „Камп ноу“ ќе ја стави во мирување барем една година.