Фудбал

ГАЗДАТА НА НОТИНГЕМ И ОЛИМПИЈАКОС ЌЕ ГО КУПИ КАЛЧОЛИГАШОТ?

Грчкиот милијардер Евангелос Маринакис има намера да ја прошири својата фудбалска империја на трет клуб, известуваат италијанските медиуми.

Наводно се изготвува план да се откупат акциите на калчолигашот Монца, па заедно со Нотингем форест и Олимпијакос да се креира групација по примерот на Манчестер сити и „Сити груп“ на арапските власници, кои поседуваат десетина клубови низ целиот свет.

Монца од 2018 година беше под власништво на Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер, кој по неговата смрт го остави клубот на семејството, а за претседател на колективот беше назначен неговиот долгогодишен соработник и пријател, Адријано Галијани.

Иако Монца се издигна во респектабилен прволигаш во Серија А, доживувајќи доста успеси под палката на досегашкото раководство, семејството на Берлускони сепак има намера да заработи од оваа инвестиција.

Во наредниот период планирани се преговори по кои ќе се дознае дали Монца ќе добие нов газда.