НОЖИЧКИ ЗА ПОБЕДА ВО 90-ТА, ВРЕДНИ ЗА ПУШКАШ (ВИДЕО)
Објавено на: 05.08.2024
Ланус ноќеска стигна до четвртата победа во аргентинското првенство благодарение на Валтер Боу и неговата мајсторија во 90-тата минута.
При неизвесни 2-2, домаќините тргнаа во брз напад кој резултираше со гол вреден за наградата „Пушкаш“.
Боу искусно ја смири топката со гради, па пред таа да падне на земјата, се сврте и изведе маестрални ножички, додека голманот беспомошно ја гледаше топката како ја тресе неговата мрежа.
Puskas surely
— Fut Sheriff (@FutSheriff) August 5, 2024