ДИМИТРИЈЕВИЌ НУДИ КАКВА БИЛО ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО МИЛАНО (ФОТО)
Објавено на: 19.03.2025
Најдобриот македонски кошаркар и член на италијанскиот евролигаш Олимпија Милано, Ненад Димитријевиќ, преку социјалните мрежи се огласи дека нуди каква било помош за пациентите и нивните семејства кои се преместени на лекување во Италија, поточно Милано.
Дел од преживеаните кои уште се борат за живот откако ја прежиеаја трагедијата во Кочани, се разнесуваат низ повеќе европски земји со цел да им се спасат животите, па така неколку завршија во Милано, каде нашиот Нено се стави на располагање да им помогне колку и како што може.
