НЕЈМАР САКА ДА ИГРА ВО АМЕРИКА, АМА СЕРИОЗНО
Објавено на: 21.02.2022
Бразилскиот фудбалер изјави дека сака да настапува во МЛС лигата во САД, од повеќе причини. Првата е поврзана со должината на сезоната, а втората е поврзана со должината на неговата кариера.
Ова се зборовите на Нејмар:
Сакам да играм фудбал во САД. Таму сезоната е пократка. Тоа ќе ми овозможи подолг одмор во текот на летото. На тој начин, ќе имам подолга кариера.
Нејмар не кажа кога сака да замине за САД. Роналдо, на пример, не игра таму, а сепак трае повеќе од две децении на елитната сцена.