Фудбал

1-2 ЗА РЕАЛ ВО ДОСЕГАШНИОТ ДЕЛ ОД ЛА ЛИГА

Кралскиот клуб, освен што е лидер во шампионатот во Шпанија, го има и најдобриот стрелец во Примера дивисион. Односно, моментално ги има најдобрите двајца.

Карим Бензема постигна 18 гола во досегашниот тек на првенството, а Винициус Јр има 13 гола и ја дели втората позиција, по 25 одиграни кола. Кој ќе биде најдобар на крајот?