Фудбал

НЕДОСТИЖНИТЕ РЕКОРДИ НА ТИБО КУРТОА

Белгискиот голман беше централната фигура во финалето меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, во кое Кралскиот клуб славеше со 1:0.

Мадриѓаните ја освоија 14-та титула во ЛШ, што е продолжување на рекордот кој го поседува од првиот ден на ова натпреварување.

Тибо Куртоа имаше 9 чисти одбрани во последниот натпревар од сезоната, во која регистрира вкупно неверојатни 52 одбрани.

Обично, кога голманот ти е најдобар играч нешто не штима во екипата, но овој голман ја имаше најтешката задача сезонава.