ШТО ТВИТНА ДОНЧИЌ, ЗА ПОБЕДАТА НА РЕАЛ?
Објавено на: 29.05.2022
Како и сите други фанови на Кралскиот куб, така и словенечкиот интернационалец, кој игра за екипата на Далас Маверикс, кратко и јасно напиша на својот твитер профил:
14!!!!!!!!
— Luka Doncic (@luka7doncic) May 28, 2022
Зборови не се потребни, да се опише задоволството од освојувањето на 14-та титула во Лигата на шампионите, натпреварување кое полека станува „сопственост“ на Реал од Мадрид.
Мадриѓаните се класа за себе, што беше докажано и сезонава со резултатите и начинот на кој беа остварени во текот на елитната сезона. Реал и ма двојно повеќе титули од следниот во редот, италијанскиот гигант Милан (7).