ФОРМУЛА 1 СЕ ВРАЌА НА МЕСТОТО НА МНОГУ КОНТРОВЕРЗИИ
Објавено на: 16.06.2022
Трката во Монтреал пред три години ја покажува сета (не)убавина на Формула 1 трките, затоа што илустрира многу аспекти на овој спорт, некогаш најпопуларен меѓу авто-мото зависниците.
На 10 круга до крајот на Трката за ГН на Канада, Себастијан Фетел Беше лидер и во една ситуација излета во тревата, не забележувајќи го Луис Хамилтон, се врати на патеката и ја задржа позицијата.
The incident that ultimately decided the result last time out in Canada… 👀#CanadianGP #F1 pic.twitter.com/iYV5GccDdT
— Formula 1 (@F1) June 16, 2022
Германецот беше казнет со 5 секунди поради небезбедно враќање на патеката, Хамилтон победи, а на крајот Германецот дојде на местото каде што застануваат болидите и „ги смени“ финиш-позициите.
Уште една трка која ги покажува возбудувањата на овој спорт, но сега чисти и природни, беше 2011-та во Канада кога Џенсон Батон во последните свиоци го помина Себастијан Фетел и се закити со победа.
Последната трка во Монтреал беше 2019-та. Ќе донесе ли оваа, викендов, слични возбудувања?