Фудбал

ПРЕСВРТ ВО САГАТА ОКОЛУ ОСИМЕН: ГО ЧЕКААТ ВО ПАРИЗ, А ТОЈ ОДИ НА ПОЗАЈМИЦА ВО ЛОНДОН?

Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се покажа како опасен манипулатор кога треба да продаде ѕвезда од својот Наполи. Иако сите веќе го видоа Виктор Осимен како нов играч на ПСЖ, клубот од Неапол не попушти во намерата да добие 120 милиони отштета, без разлика што нигерискиот голгетер од претходно ги договори личните услови со Парижаните.

Сепак, оваа цена не важи за клубот кој долги години го посакува Осимен во своите редови, а Челси може да понуди нешто повеќе од само пари. Антонио Конте притиска за Лукаку, па сега во Наполи сметаат дека трампа меѓу напаѓачите плус пари за Осимен е солидна опција. Само што, потенцијалната преселба на Осимен во Лондон првично би била позајмица, а целосниот откуп на неговиот договор би се случил во летото 2025 година.

Значи, Лукаку во Наполи, Осимен во Челси на позајмица, со опција трансферот да вреди меѓу 70 и 80 милиони евра идното лето. Но, да почекаме…