ПОРАНЕШЕН СОИГРАЧ НА МБАПЕ И ШАМПИОН НА ФРАНЦИЈА ЌЕ ИГРА ВО ПРВАТА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА
Објавено на: 30.07.2024
Македонскиот прволигаш Гостивар го најави ангажманот на Набил Дирар, 38-годишниот ветеран кој своевремено беше и шампион на Франција со Монако.
Клубот кој изминатиов период се поврзува со имиња како Луис Нани, Метју Валбуена, Марио Балотели, успеа да доведе играч со огромно интернационално искуство.
Дирар беше еден од најконстантните играчи во тимот на Леонадо Жардим во сезоната 2016/17, кога Кнезовите ја освоија Лига 1, а тогаш на сцената експлодира Килијан Мбапе.