НАЈМЛАДИОТ ВО ИСТОРИЈАТА ЈА ПОЧНА ОДЛИЧНО ГОДИНАТА
Објавено на: 03.01.2022
На Џош Гиди му почна 2022-та како од сништата – стана рекордер како најмлад играч во НБА лигата на еден натпревар, кој успеал да води на двете страни, според постигнатите поени, остварените асистенции и прифатените топки претворени во скокови.
Единствениот друг на кој му пошло ова од рака, а бил во тинејџерските години, е Лука Дончиќ од Далас Маверикс. Дали е ова најава за нова ѕвезда во НБА лигата, во името на играчот на Оклахома Тандер, кој е роден на 10.10.2002 и има само 19 години?