Фудбал

НАЈДОБРИОТ СЕЛЕКТОР ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ Е ФЛИК?

Тешко е да се каже кој е најдобриот кормилар во изминатите квалификации за претстојното светско првенство во Катар 2022-та година, но ако се земат в предвид бројките, заклучокот вели дека тоа е стратегот на фудбалската репрезентација на Германија.

Ханс-Дитер Ханси Флик седеше на клупата на германската селекција на 7 натпревари, го наследи Јоаким Лев со 7 победи меѓу кои и онаа против Македонија со 0:4, на кои неговите фудбалери постигнаа вкупно 31 погодок, а примија само два гола.

Во квалификацискиот циклус, Германците примија 4 гола од кои два во поразот на Лев од Македонија со 1:2 во Дуисбург. Вкупно постигнаа 36 погодоци, имаат 9 победи и само еден пораз, беа првата репрезентација која обезбеди директно учество на мундијалот.