Кошарка

ЈА ИМА ВИЗИЈАТА НА ЏЕЈСОН КИД, А НЕ БЕШЕ ПОВИКАН ВО СЕЛЕКЦИЈАТА

Тренерот на Далас Маверикс е инспирација за многу млади кошаркари, кои доаѓаат во НБА лигата со цел да го остварат својот сон и да се обидат да стигнат до шампионскиот прстен.

Џош Гиди е австралиски репрезентативец, кој не беше селектиран во составот на неговата земја на ЛОИ во Токио 2020, но беше избран како 6-ти пик на драфтот во НБА.

Гиди има убиствен инстинкт и одличен преглед на играта. Стручниот штаб на Австралија згреши? Можеше ли тој да им помогне во полуфиналето против САД кое го загубија со 97:78?