Фудбал

НА ТУХЕЛ НЕ МУ Е ЛЕСНО, НАВИВАЧИТЕ МУ БАРААТ ОСТАВКА

Томас Тухел е во небрано, дали да мисли на првиот дуел од Лигата на шампионите против Лацио во среда или да бере гајле за тоа што навивачите на Баерн Минхен му бараат оставка.

Баварците загубија од Леверкузен со огромни 3:0 во дербито на колото во Германија, со што фармацевтите се оддалечија на 5 бодови предност пред германскиот шампион.

Според германскиот Спорт1, група навивачи денес пред влезот на тренинг центарот на Баерн Минхен поставиле банер со порака „Тухел Рауу“ што значи „Тухел надвор“.

Дали Лацио може да ја искористи лошата форма на Баерн Минхен и да стигне до 1/4 финалето во Лигата на шампионите?