Фудбал

БРАЗИЛ НЕМА ДА ГО БРАНИ ЗЛАТОТО НА ОИ ВО ПАРИЗ

По два последователни златни медали на Олимписките Игри, фудбалската репрезентација на Бразил нема да учествува на претстојниот олимписки турнир кој летово ќе се одржи во Париз.

По синоќешниот пораз со 0-1 во дербито против Аргентина, Кариоките претрпеа елиминација од финалната група, од каде токму Аргентина и Парагвај ќе патуваат за Франција. Бразилците предводени од ѕвездата во подем Ендрик, беа немоќни против Гаучосите кои до минималната победа стигнаа преку Гонду во 78-та минута.

Ова значи дека ќе има нов олимписки шампион во фудбал, откако Бразил славеше во Рио 2016 и во Токио 2021 година.