Фудбал

МУРИЊО СО ЖЕСТОКА, НО РЕАЛНА КОНСТАТАЦИЈА?

Португалскиот стратег во моментов е на клупата на италијанската екипа Рома, која има една титула во италијанското калчо, два Купа на Италија, еден Суперкуп и една меѓународна титула во новиот век.

Токму интернационалниот трофеј, во премиерното издание на Конференциската лига на УЕФА, во Рим го донесе Жозе Мурињо, кој повторно има што да му каже на фудбалскиот свет:

Денес, мора да се адаптирам на младите играчи, со цел да им кажам што мислам, во фудбалска смисла.

На 23 години, на пример, Френк Лампард беше мажиште. Овие млади, на 23 години не се мажи, туку се детишта. – се зборовите на Португалецот.

Во право е, или повторно има некоја своја визија која не кореспондира со ничиј став?