Фудбал

БРЕНТФОРД ГИ ЗГАЗИ ГИГАНТИТЕ

Екипата од која никој не очекуваше, сезонава прави лом во Премиерлигата. Брентфорд ги победи двата ривала од Манчестер, да не зборуваме за скалпот на Ливерпул.

Реми дуелите со Челси и Тотенхем, се само потврда дека што поголем е ривалот, тоа е подобро изданието на четата на Томас Френк, а еве го и доказот преку одработените бројки:

Брентфорд – Ливерпул 3:1
Манчестер Сити – Брентфорд 1:2
Брентфорд – Манчестер Јунајтед 4:0

Се сеќавате на стартот на сезоната кога сите мислеа дека сето тоа е случајно? Епа, почитувани љубители на фудбалот, во Премиерлигата нема ништо случајно.

Брентфорд во моментов се наоѓа на 7-та позиција на табелата во англиското фудбалско првенство, пред екипата на Челси која има два меча и бод помалку.