Фудбал

НИЕ ФУДБАЛЕРИТЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌАМЕ НАЈГОЛЕМИ ДАНОЦИ

Се посилен е изразот на отуѓувањето на фудбалерите од реалноста, оддалечување од јавноста која доаѓа на трибините токму поради нив. Процесот на финанско дистанцирање на оние кои трчаат по тревата и оние кои се „палат“ на трибините, зема силен замав во втората деценија од 21-от век.

Со оваа констатација се согласува и шпанскиот (поранешен, 4 настапи) репрезентативец Ектор Белерин, кој моментално настапува за екипата на Барселона од чија младинска академија потекнува, а во кариерата играше уште и за екипите на Арсенал и Ватфорд во Англија, односно Бетис:

Ние фудбалерите треба да плаќаме највисоки даноци. Живееме живот полн со привилегии. Престанавме да бидеме луѓе. Еден автомобил не ни е доволен, па имаме по 10.

„Бегаме“ од навивачите и сме подложни на алиенизација од општеството, со секој нов ден. Мене, лично, тоа не ми се допаѓа. – изјави Белерин.

Во слободниот современ живот, на сите полиња, секој човек има право слободно да каже што сака, да прави што сака, да биде што сака и да живее како сака, па според тоа може и да ги троши своите заработени пари како што сака, се додека сето ова напоменатото е во согласност со законските регулативи.

Но, Белерин сака да каже нешто друго, ја препознавате ли поентата?