Фудбал

МУРИЊО СКРИЛ МИКРОФОН НА СЕБЕ И ГИ СНИМАЛ СУДИИТЕ

Португалскиот стратег на чело на Рома продолжува да функционира во свој карактеристичен стил, онака како што низ годините сме научиле да го гледаме и слушаме, па не планира да запре ниту додека ја предводи римската волчица. Сега воведува и новитет.

Пресметката на „специјалниот“ со судиите во Серија А по се изгледа нема да престане, особено не по најновиот потег на тренерот на римскиот клуб. Мурињо скрил микрофон во облеката и ги снимал разговорите со судиите за време на мечот на Рома со Монца.

Не сум глупав. Морав да се заштитам. Се е снимено. – изјави Жозе.

Монца во моментов е екипа на дуото Силвио Берлускони и Адриано Галијани кои некогаш со тимот на Милан царуваа во фудбалска Европа и Италија. Дозволено ли е ова? Законски ли се снимките на Мурињо? Ќе реагира ли раководството на италијанското калчо?