Кошарка

ДОНЧИЌ СЕ ПОНУДИЛ ДА ГИ ПЛАТИ ТРОШОЦИТЕ ЗА ПОГРЕБ НА ДЕЦАТА ОД БЕЛГРАД

Големото срце на Лука Дончиќ уште еднаш на доказ! Sвездата на Далас Маверикс се понуди да ги плати трошоците за погреб на децата кои во текот на вчерашниот ден го загубија животот во училиштето Владислав Рибникар во Белград.

Фондацијата на Лука Дончиќ покрај трошоците за погребите, се понудила да ги плати и лекувањата и психолошките советувања за преживеаните во трагичниот настан во српскиот главен град.

Наскоро се очекува поопширни информации.