Фудбал

ПАРТИЗАН СО ЛЕСОР, ИЛИ РЕАЛ СО РЕНОМЕТО?

Белградската екипа од 20:30 часот го пречекува најтрофејниот европски клуб, во мечот кој значи пласман на финалниот турнир за црно-белите или продолжување на животот за кралевите. Првата меч топка, Партизан не ја искористи, бидејќи по водството од 0:2 со двете победи во Мадрид, загуби на свој терен во првиот натпревар во Арена.

Најтрофејниот европски стратег, Жељко Обрадовиќ во првиот меч во српската престолнина, не можеше да смета на казнетите Пантер и Лесор, од кои првиот има уште еден меч суспензија поради тепачката на крајот на вториот дуел во главниот град на Шпанија.

Французинот беше казнет со еден меч, кој го одлежа во поразот и сега се враќа во составот. Дали беа правилно санкционирани играчите и кој прв почна, сега веќе не е ни битно. Четвртфиналната пресметка се игра и мора да се доигра.

Реал Мадрид има 10 освоени европски титули, српскиот стратег има 9. Тоа се двата најголеми адута на двата тима, континуитетот на едниот и предводникот на другиот. Кој ќе слави во четвртиот меч, во серијата до три победи?