Фудбал

НАЈДОБРИОТ ТРЕНЕР ВО ИТАЛИЈА?

Стефано Пиоли е еден од најдобрите стратези во Италија, во моментов. Дали е најуспешен менаџер и тренер, ќе покаже крајот на сезоната. На четири кола до крајот, Милан има два бода предност пред Интер.

Пиоли (56) седи на клупата на миланезите од 2019-та, трета сезона по ред е во најтесниот круг за трофејот во Серија А. Дојде на најнеблагодарното столче, од кое паднаа многу големи имиња.

Милан имаше сериозни организациски проблеми по заминувањето на Берлускони, кога се распадна магичниот свет што го изгради популарниот фудбалски газда, најуспешен во модерната фудбалска ера.

Пиоли беше тренер и на Интер, еден од ретките што „живеел“ на двата краја на фудбалскиот свет во градот на фудбалот, Милано. Дали подобро му стои црвено, или сино, во комбинација со црно?