Фудбал

МУТИЊО: ЈА ОЧЕКУВАВМЕ ИТАЛИЈА, НО ЈА ДОБИВМЕ МАКЕДОНИЈА

Португалците рано утринава се вратија на тренинг подготовките за натпреварот кој ќе го одлучи патникот на Светското првенство во Катар, а од репрезентативната база интервју даде Жоао Мурињо.

Според искусниот играч од средниот ред, статистиката не треба да ја залажува португалската јавност дека натпреварот е веќе добиен, бидејќи фудбалот покажал дека фаворитите не секогаш победуваат на теренот.

Нема да лажеме, ја очекувавме Италија, но ја добивме Македонија. Исто е, само противникот е променет, но не ја гледајте статистиката бидејќи таа не победува на теренот. Не смееме да бидеме самоуверени. Тие се тим кој добро се брани и се многу опасни на контра-напади.

Запрашан кој ќе биде рецептот на Португалците во вторник, тој додаде:

Нема да брзаме и мораме да бидеме трпеливи бидејќи потребен ни е малку простор во дадено време, но и одбраната мора да ја заврши својата задача бидејќи Македонија е добро организиран тим кој знае да создаде добри прилики. Нема да имаме многу шанси, бидејќи тие добро се бранат, затоа мораме да ги искористиме.

Останува да видиме каква ќе биде реакцијата на Мутињо по 90 минути во вторник.