Ф1 ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ВОЗИ НА БОЈНО ПОЛЕ
Објавено на: 26.03.2022
Откако вчера беа нападнати нафтени депоа на само 20 километри оддалечени од Ф1 патеката на која викендов ќе се вози ГН на Саудиска Арабија, денес земјата домаќин на најбрзиот циркус на светот објави започнување на воени акции на Јемен.
Саудиските власти, Ф1, ФИА, тимовите и возачите до доцна во вечерта разговараа за можноста за откажување на трката викендов, откако вчера во два наврати беа ракетирани складишта со нафта во близина на Џеда. Од таму Ф1 и ФИА излегоа со соопштение дека квалификациите и трката продолжуваат согласно предвиденото, откако добиле гаранции од безбедносните агенции на Саудиска Арабија дека безбедноста нема да биде загрозена.
Како што јавуваат медиумите од кралството, станува збор за терористички напад на бунтовничката организација Хути, која се наоѓа во Јемен. Па така, денес беше објавено дека коалицијата предводена од Саудиска Арабија започнува со воена операција на врз јеменската престолнина Сана и пристанишниот град Ходеида, со намера да ги запре нападите.
На социјалните медиуми веќе започнаа реакциите, споредувајќи ја неодамнешната одлука на Ф1 да ја суспендира трката во Русија, а викендов ќе вози во друга земја каде што воените операции се во полн ек.
Двојни аршини или богати договори кои не смеат да бидат прекршени? На видеото подолу ќе можете да го видите пожарот кој се гледаше од Ф1 патеката во Џеда.
🇸🇦 — JUST IN: VIDEO: Reports of more explosions in Jeddah, Saudi Arabia.
— Belaaz News (@TheBelaaz) March 25, 2022