Фудбал

МУРИЊО ЗАМИНУВА ОД ФЕНЕРБАХЧЕ, ПРЕЗЕМА СЕЛЕКЦИЈА ПРЕД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО?

По неполна една година на чело на Фенербахче, се чини дека неговото време во градот на двата континента се ближи кон крајот?

Минатото лето, специјалниот на големо изненадување потпиша двогодишен договор со Фенербахче, но оваа сезона не успеа да го совлада големиот ривал, Галатасареј кој ќе ја одбрани титулата, а претходно во скандалозното финале и го освои Купот на Турција.

Мурињо ја одлежа суспензијата од три натпревари, поради тегнењето на носот на Бурук Окан, тренерот на Галатасарај во тој натпревар, а по крајот на сезоната, се најавува негово предвремено заминување од клупата, овој пат на негово барање.

Имено, според новинарот Ахмет Селим Кул, Мурињо ги известил челниците на Фенербахче дека има договор со португалската селекција пред Светското првенство кое следната година ќе се одржи на северно-американскиот континент. Според португалската федерација, шеесет годишниот Мурињо е вистинскиот човек за предводник на Португалците на Мундијалот, каде што се очекува на сегашниот селектор Мартинез да му биде врачен отказ и покрај тоа што би можел да ја освои Лигата на нации.

Се чини дека освен фудбалерскиот „крем дела крем“ на Светското првенство ќе биде присутен и тренерскиот бидејќи освен Мурињо, присутен ќе биде и Карло Анчелоти кој ќе го предводи Бразил, како и Томас Тухел кој ќе биде на чело на Англија.