ЛЕВЕРКУЗЕН ПОСАКА УШТЕ ЕДЕН ШПАНСКИ ПРОТОТИП НА КЛУПАТА
Објавено на: 14.05.2025
Управата на Баер Леверкузен во следниот период ќе мора да најде достојна замена за Чаби Алонсо и јасно е дека не смее да се погреши во изборот со цел тимот да остане конкурентен како во изминативе две сезони. Идејата беше да се ангажира уште еден шпански прототип, во ликот и делото на Цеск Фабрегас, меѓутоа од Чизмата стигна експресен одговор „не“.
Комо не планира да го пушти Фабрегас да раководи со друг клуб откако во својата дебитантска сезона во Серија А го предводи тимот до 10-тото место на табелата, зациментирајќи го Комо како сигурен калчолигаш, иако целта беше да се обезбеди опстанок.
Фабрегас воедно е акционер на Комо заедно со фудбалските легенди како Тиери Анри и Денис Вајс, па нема причина да го напушти својот проект за да наследи тим кој со сигурност има амбиции да освојува уште трофеи во Германија.
На Фармацевтите им преостанува детално да ги разгледаат сите други опции и во најкраток можен рок да доведат нов кормилар со кој ќе се почне нова ера на „Бај Арена“.