ТИПУВАМЕ

ПРЕДЛОГ ТИКЕТ ЗА ЕДЕН ОД ПОСЛЕДНИТЕ ФУДБАЛСКИ ВИКЕНДИ

Еден од последните фудбалски викенди е пред нас, па редно време е да засукаме ракави и да типуваме конечно за добивка во Златна Копачка.

Очекуваме да има дожд од голови скоро секаде каде што работата е решена кога е во прашање шампионот и пласмани во Европа на есен, па затоа подолу еден по еден натпревар, на кратко ќе ја образложам логиката која што се крие зад овој тикет.

БАРСЕЛОНА vs ВИЉАРЕАЛ: ГГ3+

Пред домашните навивачи, каталонците ќе ја прослават титулата, па освен што очекувам да дадат барем два гола, очекувам и да примат по некој.

ХОФЕНХАЈМ vs БАЕРН МИНХЕН

Истото важи и за баварците, кои растеретени ќе влезат во последниот дуел. Очекувам да примат по некој гол, а зошто да не и два, но секако и да постигнат, особено со тоа што ќе добијат шанса оние кои не играле многу во сезонава.

ПАРМА vs НАПОЛИ: 2

Доколку победи викендов Наполи, титулата е речиси 99% нивна, бидејќи во последното коло играат со Каљари на домашен терен. Затоа, типувам двојка за голема прослава на југот во Италија.

СПАРТА РОТЕРАМ vs ПСВ: 2 и 2-5 гола

Двојка за титула, кратко и јасно. Но да зголемиме коефициент, ќе додадам и од 2 до 5 гола.

СПОРТИНГ vs ГИМАРАЕШ: 1 и 2-5 гола 

Истото важи и за Спортинг против Гимараеш. Супер коефициент за славје во Лисабон?

КРИСТАЛ ПАЛАС vs М. СИТИ: 2

За каков-таков спас на сезоната, трофеј од ФА Купот ќе биде како „мелем на рана“ за граѓаните? Затоа типувам дека ќе победат во регуларните 90 минути против Палас и ќе ја освојат титулата.

АРСЕНАЛ vs ЊУКАСЛ: 1+ 1+

Барем гол во прво и барем гол во второ. На Арсенал не му е битно, ќе игра растеретено, додека Њукасл ќе мора да напаѓа за да обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.

Доколку ти се допаѓа овој предлог тикет, можеш да го одиграш во било која обложувалница на Златна Копачка, со кажување на кодот за брза уплата: W05161271472