КЕЈН И САЛАХ РАМО ДО РАМО ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТНА КОПАЧКА
Објавено на: 10.02.2025
Пред нас е најважниот дел од сезоната, кога екипите во Европа се борат за секој бод во трките за титулите во своите лиги, како и завршниците во европските натпреварувања.
Воедно, и најдобрите голгетери водат своја трка, а таа е за наградата на најдобар стрелец на Стариот континент. Актуелната Златна Копачка Хари Кејн, повторно е фаворит да биде најдобар бомбардер, но на исто скалило е и првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах.
Кејн и Салах ја делат првата позиција со по 21 гол, односно имаат по 42 бода, а интересно е што Ѓокереш има 22 гола, но поради фактот што игра во португалската лига која е послаба на квалитет во однос на топ 5 лигите, секој гол му се смета по 1.5 бод, додека Кејн и Салах добиваат по два бода за секој погодок.
Ова е моменталнта топ 10 листа:
- Хари Кејн – 21 гол, 42 бода
- Мохамед Салах – 21 гол, 42 бода
- Матео Ретеги – 20 гола, 40 бода
- Ерлинг Халанд – 19 гола, 38 бода
- Роберт Левандовски – 19 гола, 38 бода
- Александер Исак – 17 гола, 34 бода
- Крис Вуд – 17 гола, 34 бода
- Виктор Ѓокереш – 22 гола, 33 бода
- Усман Дембеле – 16 гола, 32 бода
- Килијан Мбапе – 16 гола, 32 бода