Тенис

МОМЕНТОТ КОГА ЃОКОВИЌ НЕ МОЖЕШЕ ДА ЈА ЗАДРЖИ ЛУТИНАТА (ВИДЕО)

Сите добро ја знаеме психолошката надмоќност на Ѓоковиќ над останатите играчи и способноста да ја задржи лутината во себе, но вчера во еден момент и тоа исчезна.

На почетокот на четвртиот сет кој беше одлучувачки за натпреварот, Ѓоковиќ имаше чист удар со кој можеше да одземе многу важен поен на Надал. Иако беше лесно да се врати на волеј, сепак Србинот ја заби топката во мрежата.

По тоа, следуваше негова нетипична реакција, забивајќи го рекетот во мрежата. Таквата реакција наиде на незавоволство од публиката која со свирежи го испрати потегот на број 1 тенисерот на светот.

Ноле не успеа да го совлада својот најголем ривал и да го продолжи патот кон својата нова титула на Ролан Гарос, со што ќе се израмнеше со Шпанецот по бројот на освоени Гренд Слеми.