Фудбал

БЕЈЛ СЕ ПРОСТИ СО МАДРИД, ТОТЕНХЕМ ГО БАРА ЗА ПОСЛЕДЕН ТАНЦ?

Велшкиот репрезентативец ја напушти шпанската престолнина, по 9 години поминати во Реал Мадрид и 5 титули во Лигата на шампионите, три национални титули и уште многу други признанија и пехари.

Шпекулациите од Англија велат дека Герет Бејл е на пат кон Лондон, да го одигра последниот танц во дресот на Тотенхем. Му треба ли овој играч на Антонио Конте, во екипата за следната сезона?

Во редовите на тимот од главниот град, веќе царуваат најдобриот стрелец за минатата сезона, Сон и Хари Кејн, кој е лидер на екипата. Би можел ли Бејл повторно да се приклучи за да се формира „опасно“ трио?