БАРСЕЛОНА ИМА ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМ СО КРИСТЕНСЕН И КЕСИ?
Објавено на: 01.06.2022
Андреас Кристенсен и Франк Кеси се нови играчи на Барселона, односно не се. Каталонскиот клуб има проблеми да ги официјализира договорите, поради финансискиот фер-плеј.

Со играчите е постигнат договор, но не може да бидат регистрирани, се уште. Барселона уверува дека е прашање само на време, кога се ќе биде официјализирано и регуларно потврдено.

Барселона спроведува разни финансиски тактики да го покрие минусот, по што ќе и биде дозволено да тргува со играчи – продава акции од имотот и склучува нови спонзорски договори.