Фудбал

НЕ Е САМО БОЛОЊА, И ЕКСКЛУБОТ НА ПАНДЕВ СЕ ИНТЕРЕСИРА ЗА МИОВСКИ

Бојан Миовски летово ќе мора да донесе тешка одлука каде ќе ја продолжи кариерата со оглед на интересот кој постои за него.

Се споменуваа неколку премиерлигаши, но и Селтик како опција доколку Бојан одлучи да не менува лига, а откако Болоња го продаде Зиркзе во Манчестер јунајтед, македонскиот репрезентативец стана интересен и за калчолигашот кој ќе игра во Лигата на шампионите оваа сезона.

Сега се појави уште еден клуб, исто од Серија А, а тоа е поранешниот клуб на Горан Пандев, Џеноа. Абердин наводно бара отштета од 6 милиони евра за да го пушти Миовски, па ќе биде интересно да се види кој клуб ќе биде најбрз да го договори трансферот и да го добие потписот на нашиот репрезентативец.