ЛИВЕРПУЛ ЈА ОДРЕДИ ЦЕНАТА ЗА КАПИТЕНОТ
Објавено на: 21.07.2024
Се чини дека на ерата на Вирџил Ван Дајк во Ливерпул ѝ доаѓа крајот, откако раководството ја одреди цената за својот капитен, по покажаниот интерес од страна на неколку саудиски клубови.
Искусниот холандски стопер може да го напушти „Енфилд“ доколку стигне понуда од 55 милиони евра, според наводите на неколку англиски медиуми.
Ван Дајк беше еден од клучните играчи на Ливерпул додека Јирген Клоп беше на кормилото на Црвените, но промените во клубот кои почнаа токму од тренерското столче, ќе продолжат и во играчкиот кадар. Засега не е познато дали Ливерпул има одредено потенцијлана замена за Ван Дајк, прво се чека негово заминување, па дури потоа ќе се искористат средствата од тој транфер.