Фудбал

МАЈКАТА НА МБАПЕ СЕ ЗАКАНУВА СО ТУЖБА: ПСЖ МУ ДОЛЖИ 100 МИЛИОНИ ЕВРА?!

Килијан Мбапе го напушти ПСЖ и конечно си го оствари сонот да го облече белиот дрес на Реал Мадрид, но сметките со францускиот гигант се далеку од расчистени.

Наводно, Светците не му исплатиле ниту плата, ниту бонуси според важечкиот договор уште од април, а целиот долг достигнал дури 100 милиони евра. Мајката на Мбапе, Фаиза Ламари, се закани со тужба против ПСЖ доколку овој долг наскоро не се исплати.

„Се надевам дека ќе го испочитуваат договорот и наскоро ќе ги подмират сите долгови. Претставниците на Килијан работат на случајот, а нам ни е јасно дека некогаш е потребно време да се средат сите работи во ваква ситуација. Не сакаме да бидеме доведени до тоа да мора да тужиме, сепак Килијан помина многу прекрасни моменти во клубот и би сакале да ги паметиме по добро“, посочи мајката на Мбапе.

Мбапе помина пет сезони во дресот на ПСЖ освојувајќи 15 трофеи, воедно е клупски рекордер со 256 гола.