Фудбал

ОГРОМНА РАЗЛИКА ВО НОЗЕТЕ НА МИНГС (ВИДЕО)

Тајрон Мингс од неодамна започна со рехабилитација и постепено враќање во тренажен процес, а вчера беше објавено видео како вежба, при што се забележа огромна разлика во неговите нозе.

Многу очигледна е атрофијата на десната нога, како резултат на повредата на десното колено кое му беше оперирано. Ова е нормална појава при неактивност, мускулите да се смалат и да претрпат трауматични промени.

Инаку, Мингс ги скина вкрстените лигаменти на десното колено на стартот од сезоната, кога Астон вила се сретна со Њукасл во рамките на првото коло од Премиер лигата.