ТОП 5 ПРИЧИНИ ЗОШТО СИТИ НЕМА ДА ЈА ОСВОИ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ
Објавено на: 19.03.2024
По репрезентативната пауза на главната сцена ќе се врати Лигата на шампионите и четвртфиналните дуели. Во нив има три одлични дербија, а тоа се Баерн Минхен – Арсенал, Барселона – ПСЖ, Реал Мадрид – Манчестер сити, како и Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд.
Актуелниот бранител на титулата, Манчестер сити, трета година во низа ќе се сретне со Кралевите во нокаут-фазата, па иако Граѓаните се фаворити, ќе им биде тешко да стигнат до самиот крај и да го одбранат континенталниот трон.
Во оваа рубрика денес ќе се пошегуваме на сметка на тимот кој го води Пеп Гвардиола, така што наведовме пет „сериозни“ причини зошто Сити нема да го освои трофејот со големите уши.
1. ГРИЛИШ НЕМА ДА МОЖЕ НА АФТЕР
Веднаш по финалето, играчите ќе заминат со своите репрезентации, па така Грилиш нема да може да тркне до Ибица. Мотив помалку за него да игра до крај?

2. САМО РЕАЛ СМЕЕ ДА ОДБРАНИ ТИТУЛА
Долго време во новиот формат на ЛШ немаше тим кој два пати по ред го освоил „ушкото“, а прв тоа го направи Реал Мадрид и тоа го освои 3 пати едно за друго. Многу брзо ќе дојде уште еден тим да одбрани титула?

3. ХАЛАНД НЕ ЗНАЕ ДА ИГРА ГОЛЕМИ НАТПРЕВАРИ
Крисал Палас, Барнли, Евертон и Нотингем ги нема во завршницата на Лигата на шампионите како Халанд би можел да ги полни мрежите.

4. КЛЕТВАТА НА ЈАЈА ТУРЕ
Пеп лани најде начин како да ја заобиколи клетвата на Јаја Туре, но дали ќе успее и оваа година?

5. МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ПОЗАЈМИ ГУНДОГАН НА 2-3 МЕСЕЦИ?
Илкај Гундоган беше талисманот на Гвардиола, но оваа сезона го нема, а на негово место е друг играч (Ковачиќ) кој има освоено 5 трофеи од Лигата на шампионите, но ја нема магичната ѕвезда како Германецот.
