Фудбал

КУРТОА ПОВТОРНО ПОД НОЖ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ СТИГНЕ ДА ЗАКРЕПНЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Тибо Куртоа денес повторно беше опериран, овојпат на десното колено откако вчера му беше утврдено кинење на менискусот. Таман белгискиот голман се врати во тренажен процес по тешката повреда на левото колено, се здоби со нова незгода за што му се предвидува околу два месеци пауза од фудбалски активности.

Неговото враќање меѓу диреците се очекуваше да се случи овој месец, отприлика кога Реал треба да се соочи со Манчестер сити во 1/4 финалето од Лигата на шампионите. Сепак, новата повреда значи и дефинитивно дека Куртоа ќе ја пропушти целата актуелна сезона, а под знак прашалник е и неговиот настап на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија летово.