Фудбал

МИЛАН ВЕЌЕ БАРА ЗАМЕНИ ЗА КЈАЕР

По повредата на незаменливиот стопер во играта на росонерите, екипата од Милано сериозно размислува да ангажира нов фудбалер во одбраната, кој ќе биде некаква замена за отсуството на данскиот интернационалец.

Симон Кјаер е најстабилниот играч на Милан по доаѓањето од Аталанта (2020), но по повредата во победата кај Џенова, погледите на екипата која се бори за Скудетото се насочени кон други имиња за пополнување на празнината.

Во игра е младата италијанска надеж на Аталанта, младиот репрезентативец кој настапува за екипата на Кремонезе во Серија Б – Мемех Калеб Околи. Се шпекулира и за дефанзвиецот на Монако, 20-годишниот Беноа Бадиашил.

Шпекулациите одат до Олд Трафорд, односно до играчот кој пред 2020 дојде од Порто, но не се наметна – Алекс Тељес. Малдини е шеф на Милан и неговото претчувство за добар дефанзивец не смее да се занемари.

Штом се појавил интерес кај него, за овие фудбалери, значи дека се работи за добри играчи. Прашање е само дали Милан ќе успее да ангажира еден од нив, или ќе мора во јануари да бара друга варијанта…